четврток, 4 февруари 2010 г.

Овен Харгривс изоставен од составот за ЛШ

Овен Харгривс е изоставен од списокот на фудбалери кои ќе треба да продолжат со натпреварите во нокаут фазата од ЛШ.




Овој потег најверојатно ќе значи крај на надежите на Харгривс дека би можел да избори место во селекцијата на Капело за СП кое треба да се оддржи летово.

Минатиот месец САФ изјави дека би можел Харгривс да влезе во селекцијата за ЛШ иако се` уште неспремен за фудбалски натпревар, но УЕФА потврди дека англискиот репрезентативец го нема на списокот на фудбалери.

По претрпената операција на двете колена, Харгривс почна со тренинзи во септември, но неговото закпренување оди поспоро, па датата на неговото враќање на терените се` повеќе се оддолжува, иако Сер Алекс изјави дека Харгривс почнал да тренира со првиот тим неколку пати неделно.

Иако е изоставен од селекцијата, сепак Англија верува дека Харгривс би се повратил во неговата стара форма, бидејќи сите паметат кој беше најдобар англиски играч на СП во Германија, 2006 година.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори