петок, 19 февруари 2010 г.

Мојс:Руни може да биде најдобар во свет

Менаџерот на Евертон, и поранешниот менаџер на Руни, Дејвид Мојс, изјавува дека Руни го има потенцијалот да биде најдобар играч во светот, и дека е само време додека ја добија најзначајната индивдуална награда за еден играч.


Руни беше најголемиот кошмар за сите коишто му застанаа на патот на Јунајтед, постигнувајќи вкупно 25 голови и Вејн ќе се посети на деновите кога ја градеше својата кариера во Сабота, кога Јунајтед му гостува на тимот на Дејвид Мојс.

Мојс го следеше развитокот на Руни уште од неговите 14 години се додека не го продаде на Јунајтед за огромна сума од околу 30 милиони фунти и Мојс тврди дека сеуште има огромен респект за Руни и се надева дека во иднина ќе стане најдобар играч на светот.

"Сметам дека Руни е играч од светска класа сега, но тој може да биде и многу подобар од ова што го гледаме.Додаде голови,разбирливост и прерасна во топ играч, тоа е она потребното за да се биде играч од најголем ранк.Мислам дека е само прашање на време кога ќе ја освои наградата за најдобар играч на светот." - изјави Мојс.

среда, 17 февруари 2010 г.

Дарен Флечер: Дури сега е невозможно да се сопре Вејн Руни

Дарен Флечер верува дека неговиот тимски другар Вејн Руни е несопирлив и дека тоа перфектно го докажа по вчерашниот натпревар против Јунајтед.


Дарен Флечер синоќа изјави: „Вејн Руни е несопирлив. Тој е секогаш опасен и се заканува, понекогаш делува исфрустрирано но неговата упорност секогаш се исплаќа. Вечерашниве два гола со глава беа прекрасни и дури сега ќе биде претешко да се сопре.“

Во врска со победата на гости, Флечер додаде: „Оваа победа не ги надмина нашите очекувања. Бевме самоуверени дека можеме да победиме и успеавме. Голот што го примивме на крајот малку не` разочара, но гледајте на светлата страна, имаме 3 гола на гости што ни дава покомотен реванш на домашен терен. На реваншот мораме да бидеме внимателни. Фановите ќе играат голема улога во тој реванш и бараме максимална поддршка од нив. Ноќите во ЛШ на Олд Трафорд се посебни и знаеме дека фановите ќе застанат зад нас. “

понеделник, 15 февруари 2010 г.

Најава:Милан v Јунајтед

Лига на Шампиони, 1/8 финале|Вторник, 16 Февруари 2010|Почеток: 20:45h
Стадион: San Siro, Milano
Епската битка помеѓу двата ѓаволски тима, двата европски гиганти, едниот со 7 шампионски титули, другиот со 3.За почеток во оваа малку подолга најава, да се потсетиме на минатото.Во 2006-07 сезоната, Милан ги исфрли Јунајтед од полуфиналето со вкупен резултат од 5-3, и потоа истата сезона успеа да ја освои и шампионската круна.Следната сезона, 07-08, Милан беа исфрлени од Арсенал во осминафиналето и Јунајтед накрај ја освоија својата третата шампионска круна.Минатата сезона, како што добро памтите, Јунајтед изгубија од Барса во финалето а Милан играа во УЕФА купот.

Каде се сега?Милан моментално се на трето место во Серија А откако нанижа 4 порази по ред конечно победи со Удинезе, додека Јунајтед се на второ место со само 1 бод позади Челзи.Јунајтед бараат одмазда, Милан цели кон 8ма шампионска круна, кој ќе биде поуспешен, ќе дознаеме утре.

IL DIAVOLO

Мисија - Во натпреварувањето во коешто се наоѓаат најдобрите тимови во светот, има многу малку тимови коишто би биле потешки за победување од Јунајтед, а уште помалку менаџери коишто би го надитриле Сер Алекс.Но тоа е судбината на Милан и Леонардо сезонава, Јунајтед е тешката задача којашто им е дадена на Росоњерите како предизвик уште во осминафиналето.Дали можат да го поминат?Досега го направија еднаш, но тој Милан беше многу поразличен од овој сега, но истиот случај е и кај Јунајтед.Во двата наврати Јунајтед беа/се фаворити, а Милан се еден вид на аутсајдери, поубаво кажано underdogs.
Pato - where amazing happens

Форма - Се до Derby Della Madonina, Милан изгледаа непобедливо.Дури и без Александре Пато, Росоњерите успеаа да постигнат 12 гола во 3 натпревари, вклучувајќи и 3-0 победа на гости против Јувентус.Но златното правило во фудбалот се покажа уште еднаш - формата не важи за дерби натпревари.И така Милан со нанижени неколку добри резултати и победи гостуваше на Интер кој имаше неколку слаби натпревар изиграно, но се виде дека претходните натпревари немаат никакво значење на вакво дерби, па Милан изгубија 2-0 на Џузепе Меаца.По тоа, следеа 2 нерешни и елиминација од Копа Италија од Удинезе.Но, минатиот петок конечно ја прекинаа таа низа со победа од 3-2 против тимот кој ги елиминраше од Копа Италија, Удинезе.Пато и Неста се вратија, заедно со нив и Милан.Хунтелар даде 2 гола, еден Пато, а со 3 асистенции заврши Роналдињо.Но дали се Милан во најдобра форма?Не, не се.Но, она што е важно е дека Пирло,Роналдињо,Пато и Неста играат добро, и ова за Милан претставува најголемиот натпревар што ќе го играат сезонава, ако не поминат понатаму се разбира.

Деби на Леонардо во нокаут фазата

Заклучок - Јунајтед ќе мораат да ги чуваат многу добро Пато и Роналдињо, бидејќи ако им се остави простор можат многу лесно Милан да дојдат до шанси за гол.Одбраната на Јунајтед, особено бековите, ќе мора да изиграат перфектен натпревар против овие двајца.Откако сјаеше против Удинезе, најверојатно Хунтелар ќе започне од првата минута.Ќе мора да го изигра многу добро, но на играч како него не му е потребно многу место или многу време за даде гол, голот може да дојде од никаде.Неста и Силва ќе ја имаат моментално најтешката задача на светот - да го чуваат Вејн Руни.И за крај, едноставно Дида.

Коментар - Ќе биде претешко, дури и невозможно, да се запрат Јунајтед од постигнување на гол.Ќе треба Милан да го изигра најдобриот натпревар сезонава за да му успее нешто такво, и + да победи.Најслабата позиција ни е одбраната на чело со Абате и Антонини, и не верувам дека ќе можат да ја воздржат јаката средина на Јунајтед.Како и да е, Гатузо,Сидорф и Пирло ќе бидат тука, и сигурно дека и средината на Јунајтед ќе има голем притисок.Роналдињо и Пато мораат да играат најдобро, поготово играч од светска класа како Пато кој дефинитивно ќе биде тежок за чување за било кој од бековите на Јунајтед.Леонардо е неискусен, но знае да ги направи потребните потези во потребното време и таа негова смиреност може да го победи Сер Алекс.Милан дефинитивно можат да победат тука.Милан 1 - 0 Јунајтед, Forza ragazzi!


THE RED DEVILS

Мисија - Милан се едно од најголемите имиња во европскиот фудбал, фактот дека имаат 7 титули самото го кажува тоа, нели?Сан Сиро дефинитивно е еден од најопасните стадиони на којшто Јунајтед или било кој друг тим има гостувано, но мора да ја земеме иницијативата уште од почетокот.Сигурен сум дека сите знаеме дека ова нема да биде лесно, се осеќам како Милан да се тим кој во ЛШ може да направи се, ама баш се.Сите се сеќаваме на 2007ма, мислевме дека е наша година но испадна дека не е баш така.Милан и момчето со име Кака ги испреврте Хајнце и Евра на невиден начин досега и не посрамотија во Милано.Но сега сме 2010, многу работи се сменети, нема Кака, нема Роналдо, и нема да дозволиме еден пензионерски тим да не посрамоти пак, така ли е?Значи, мораме да почнеме од почеток со напаѓање и по можност еден брз гол да дадеме и после работите сами ќе си дојдат на свое место, макар и примиме после тоа.

Најважното: Тимска игра


Форма - Можеме да кажеме дека сме во добра форма, имавме 6 победи по ред се до натпреварот со Астон Вила каде што заврши 1-1, но бевме со 10 играчи од 30тата минута.5-0 со Портсмут,4-0 со Хал, 3-1 со Арсенал, 3-1 со Сити.Мора да го издвоиме Вејн Руни, 7 гола за 5 натпревари, 22 вкупно во лигата, најдобар стрелец моментално.Фантастичен скор,за фантастичниот Руни, неверојатно игра и дефинитивно Милан му доаѓаат во најдобро можно време.

Напад,напад и напад!

Заклучок - Мораме да играме како тим.Најважното нешто и најпотребното нешто ни е тоа, и мораме да се држиме за тоа.Минатиот натпревар Роналдо можеби премногу солираше и не кошташе елиминација но доколку играме како тим, како што игравме против Арсенал и доколку добро ги чуваме главните играчи мислам дека имаме огромни шанси.Мораме да се осигураме дека играчите како Пато не добиваат премногу простор и шанси.Свесни ме сите дека оваа сезона во ЛШ играме некако по дефанзивно и можеби поради тоа се должат и слабите резултати досега, иако завршивме први во групата, изгубивме од Бешикташ и изигравме 3-3 со една ЦСКА.Мораме да ја играме напаѓачката игра со Нани и Руни, што ја игравме минатите неколку кола во Премиер лигата.

Коментар - Не сакам да не правам нас фаворити или аутсајдери.Да, имаме подобар скор во последните неколку натпревари од Милан, но Милан си е Милан, никогаш не смееш да ги потценуваш.Нема фаворити и нема аутсајдери според мене.Го имаат она искуство во ЛШ и знаат што како треба за да се победи.Нервозен сум, возбуден и навистина се надевам дека ќе победиме утре.Имаме добар состав, можеме да победиме, мораме да напаѓаме уште од почеток.Мора да ја држиме средината и контролата на натпреварот, се надевам нема да излеземе како против Барса во финалето.Едвај чекам, ќе биде пре интересно, и мислам дека ќе успееме да победиме. Милан 0 - 1 Јунајтед. COME ON UNITED!

Можни состави:
Dida

Abate - Silva - Nesta - Ambrosini

Gatusso - Seedorf - Pirlo

Pato Ronaldinho

Huntelaar

V

Rooney

Park - Fletcher - Carrick - Scholes - Nani

Evra - Rio - Evans - Brown

VDS



LET THE SHOW BEGIN!

недела, 14 февруари 2010 г.

Подготвен сум да го поминеме Милан

Сер Алекс Фергусон вели дека е подготвен да го поминат Милан и дека им соопштил на неговите играчи дека имаат одлична шанса да станат херои.


Откако Јунајтед викендов немаше натпревари, утре, ќе одлетаат за Милано каде што во вторник ќе се одигра првиот дел од долго очекуваниот двомеч помеѓу Манчестер Јунајтед и Милан.

Фергусон изјави: „Во одлично време играме со Милан. Тие играа овој викенд, ние не. Го изгубија Кака, а кај нас Руни, Нани и Валенсија се секој ден се` посилни. Тие имаат неколку повреди, кај нас се враќаат Рио и Немања. Ги имаме и Керик и Флечер кои ја играат сезоната на својата кариера, додека Сколс покажува зошто потпиша договор на уште една година. Не велам дека Милан немаат одлични поединци, но ние имаме колектив кој може да победи.

Ја сменија својата формација откако замина Кака. Го користеа Кака како лидер на тој дијамант систем, но сега играат 4-3-3 со три играчи на средината на теренот.

По искуството од Милано пред три години, само во едно сум сигурен. Нема да доминираат така лесно на теренот.“


Роналдо:Еден ден, би се вратил во Јунајтед

94 милиони вредниот играч и легенда на Јунајтед, изјавува дека би сакал некогаш да се врати во Јунајтед и дека сеуште чувствува љубов кон тимот кој го направи најдобариот играч на свет.


Португалскиот ас се вклопи фантастично во тимот од Мадрид, постигнувајќи 17 гола во 17 натпревари во белиот дрес, а се запиша и вчера во листата на стрелците и тоа два пати, против последно пласираниот Ксерез.

"Секако дека ми фали Јунајтед.Таму играв 6 години и ми фалат сите, играчите,тренерот и фановите.Сеуште го гледам секој нивни натпревар и никогаш не се знае, можеби ќе се вратам некој ден во Манчестер."

"Се разбира, среќен сум во Мадрид и сакам да го изиграм моето и тука, но откако ќе ми помине договорот, којзнае што ќе се случи.Би сакал повторно да се сретнам со играчите,тренерот и дел од мојата фамилија којашто остана таму, но сега морам да се фокусирам на Реал Мадрид." - изјави Роналдо.

сабота, 13 февруари 2010 г.

Саха сеуште е Ѓавол

Откако постигна 2 гола против Челзи и му помогна на Јунајтед во борбата за титулата, Саха си призна - "Сеуште сум црвен ѓавол".


Иако со помош на Саха, Евертон успеаа да ги победат Челзи, Јунајтед не ја искористија ни таа шанса за победа и искачување на првото место, туку изиграа само 1-1 со Астон Вила.Следниот меч на Јунајтед е токму против Евертон и Саха изјавува дека се надева дека Јунајтед ќе освојат и 4та титула по ред.

"Би сакал да кажам дека Евертон ќе ја освојат лигата, но тоа знам дека нема да се случи.Челзи се многу силни, но Јунајтед се посилни и лично се надевам дека ќе освојат лигата повторно.Иако носам сино, во душата сеуште сум црвен ѓавол."

"Сеуште контактирам со многу играчи од Јунајтед, најмногу со Евра.Руни и Харгривс истотака ми се многу блиски пријатели и често си правиме муабет по телефон." - изјави Саха.

Посетители

Администратори