среда, 17 февруари 2010 г.

Дарен Флечер: Дури сега е невозможно да се сопре Вејн Руни

Дарен Флечер верува дека неговиот тимски другар Вејн Руни е несопирлив и дека тоа перфектно го докажа по вчерашниот натпревар против Јунајтед.



Дарен Флечер синоќа изјави: „Вејн Руни е несопирлив. Тој е секогаш опасен и се заканува, понекогаш делува исфрустрирано но неговата упорност секогаш се исплаќа. Вечерашниве два гола со глава беа прекрасни и дури сега ќе биде претешко да се сопре.“

Во врска со победата на гости, Флечер додаде: „Оваа победа не ги надмина нашите очекувања. Бевме самоуверени дека можеме да победиме и успеавме. Голот што го примивме на крајот малку не` разочара, но гледајте на светлата страна, имаме 3 гола на гости што ни дава покомотен реванш на домашен терен. На реваншот мораме да бидеме внимателни. Фановите ќе играат голема улога во тој реванш и бараме максимална поддршка од нив. Ноќите во ЛШ на Олд Трафорд се посебни и знаеме дека фановите ќе застанат зад нас. “

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори