недела, 14 февруари 2010

Подготвен сум да го поминеме Милан

Сер Алекс Фергусон вели дека е подготвен да го поминат Милан и дека им соопштил на неговите играчи дека имаат одлична шанса да станат херои.



Откако Јунајтед викендов немаше натпревари, утре, ќе одлетаат за Милано каде што во вторник ќе се одигра првиот дел од долго очекуваниот двомеч помеѓу Манчестер Јунајтед и Милан.

Фергусон изјави: „Во одлично време играме со Милан. Тие играа овој викенд, ние не. Го изгубија Кака, а кај нас Руни, Нани и Валенсија се секој ден се` посилни. Тие имаат неколку повреди, кај нас се враќаат Рио и Немања. Ги имаме и Керик и Флечер кои ја играат сезоната на својата кариера, додека Сколс покажува зошто потпиша договор на уште една година. Не велам дека Милан немаат одлични поединци, но ние имаме колектив кој може да победи.

Ја сменија својата формација откако замина Кака. Го користеа Кака како лидер на тој дијамант систем, но сега играат 4-3-3 со три играчи на средината на теренот.

По искуството од Милано пред три години, само во едно сум сигурен. Нема да доминираат така лесно на теренот.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори