сабота, 13 февруари 2010 г.

Саха сеуште е Ѓавол

Откако постигна 2 гола против Челзи и му помогна на Јунајтед во борбата за титулата, Саха си призна - "Сеуште сум црвен ѓавол".


Иако со помош на Саха, Евертон успеаа да ги победат Челзи, Јунајтед не ја искористија ни таа шанса за победа и искачување на првото место, туку изиграа само 1-1 со Астон Вила.Следниот меч на Јунајтед е токму против Евертон и Саха изјавува дека се надева дека Јунајтед ќе освојат и 4та титула по ред.

"Би сакал да кажам дека Евертон ќе ја освојат лигата, но тоа знам дека нема да се случи.Челзи се многу силни, но Јунајтед се посилни и лично се надевам дека ќе освојат лигата повторно.Иако носам сино, во душата сеуште сум црвен ѓавол."

"Сеуште контактирам со многу играчи од Јунајтед, најмногу со Евра.Руни и Харгривс истотака ми се многу блиски пријатели и често си правиме муабет по телефон." - изјави Саха.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори