По крунисувањето на Вил Кин со наградата најдобар млад играч за оваа сезона, во конкуренција од Магнус Еикрем и Оливер Гил, наградата за најдобар резервист ја доби белгиецот Ричи де Лает
Откако и на анкетата на manutd.com Ричи имаше убедлива предност, вчера на церемонијата тоа и се потврди.Покрај номинираните Магнус Еикрем и Оливер Гил, Ричи де Лает ја доби наградата за најдобар резервист, откако беше изгласан од Оле Гунар Солскјаер и останатиот персонал на резервниот тим.Ова е трета година по ред дефанзивец да ја освојува оваа награда, откако во 07/08 ја освои Ричард Екерсли а минатата сезона Џејмс Честер.Додека играа за резервите, некои од сегашните или поранешните првотимци на Јунајтед ја имаат освојувано оваа награда, како Џон О'Шеј,Дарен Флечер и Ники Бат.
Брзината,силата и редовната форма на де Лает во срцето на одбраната на резервниот тим му ги дадоа потребните гласови за да ја освои оваа награда.
"Ричи претставува фантастичен играч и се повеќе и повеќе се докажува откако го купивме од Стоук.Секој настап во првиот тим го има заслужено, може да игра на многу позиции, има добар шут и може да биде вистински лидер во тимот" - изјави Солскјаер за Ричи.
Откако во Јануари 2009 година дојде на позајмица во Јунајтед, уште во летото беше финализиран неговиот трансфер и му беше продолжен договорот до Јуни 2012.Беше импресивен во 6 настапи за првиот тим и успеа да се избори за дебитантски настап за Белгиската сениорска репрезентација.
"Нормално, многу сум среќен, имаме добра сезона.Двата трофеи, како и Сениорскиот куп на почетокот на сезоната претставуваат добар учинок.Што е следно?Ќе продолжам да давам се од себе во тренинзите.Сите во клубот си помагат меѓу себе, мора да ги следиш наредбите и да се надеваш дека ќе бидеш избран од Сер Алекс." - заврши Белгиецот.
0 коментари:
Објави коментар