Бирмингем со договори со Манчестер Јунајтед за трансфер на Бен Фостер и ќе треба да плати 6 милиони фунти на управата на Јунајтед.
Двата тима разговарале преку викендот и најпрво 4 милиони ќе му бидат исплатени во готово на Јунајтед а останатото ќе биде исплатено на рати преку бројот на настапи на Фостер за тимот и за репрезентацијата.
Ова значи крај на фрустрирачки период за Бен Фостер кој имаше многу киксови на почетокот на сезоната кога го менуваше ван дер Сар и дури и самиот заклучи дека е вишок откако Јунајтед праќаше скаути да ги следат Иго Лорис и Мануел Нојер.
Во саботата, Фостер се збогуваше со другарите од Јунајтед во Керингтон и изјави дека се надева дека ќе биде прв избор за Бирмингем следната сезона.
0 коментари:
Објави коментар