Келн сакаат да ги осигураат услугите на Тошиќ пред почетокот на Светското првенство, на тоа укажува нивната понуда од 5 милиони евра за младиот србин.
Талентираниот србин беше на позајмица во германскиот тим од Јануари годинава и се изјасни дека сака да остане во Келн откако ги импресионираше сите во клубот.Се шпекулираше и понуда за повторна позајмица на србинот откако се сметаше дека ќесето со пари е скоро испразнето, поради парите дадени минатото лето за Лукас Подолски.
Но, според весникот Express, тие се спремни да понудат 4,3 милиони фунти (5 мил. евра) за услугите на Зоран.Истотака, тие се спремни да дадат 30% од (доколку го има) следниот трансфер на Тошиќ, заедно со секој интернационален настап или доколку донесе некој трофеј во кабинетот на Келн.
0 коментари:
Објави коментар