Да се направи рекапитулација на измината сезона и да се опфатат сите моменти е практично невозможно во еден пост. Но, кога сте RED DEVIL тој пост повеќе изгледа како слатко задоволство бидејќи имате на што да се гордеете, да се радувате и да се присетувате. Бидете горди на клубот, на историјата, на фановите, бидете горди што сте едни од привилегираните кои ја сознале убавината да се биде навивач на најголемиот фудбалски тим во светот.
Сезоната започна со помалку разочарување меѓу фановите на клубот. Ги изгубивме Тевез и Роналдо, а како замена беа донесени Валенсија и Овен што оправдано на почетокот предизвика мала скепса кај фановите на Јунајтед. Валенсија играч кој ретко кој очекуваше дека ќе има одлична прва сезона во Јунајтед, дека Овен ќе постигне неколку важни голови за клубот. Беше донесен и младиот Обертан како еден од најнадежните млади играчи од француската лига.
Гледано вака по крајот на сезоната може да се издвојат добрите и лошите страни кои влијаеја врз резултатите на клубот оваа година. Да го анализираме секој дел од екипата посебно.
Голмани
Слободно можам да кажам дека на оваа позиција бевме одлично покриени. Одличен прв голман и добри резервни голмани. Сите ја добија шансата. ВДС на највисоко ниво како и секогаш, Кушчак доста добро се покажа на натпреварите на кои доби шанса. Фостер доби шанса и повеќе од што требаше. Мое мислење е дека освен добриот осет да се сопре противничкиот шут другите аспекти од играта на Фостер треба сериозно да се подобрат. Прими неколку ефтини голови, ниска самодоверба, слаба координираност влијае на бледото издание на Фостер оваа година. Можам само да му посакам многу среќа и добри настапи во Бирмингем (само не со нас). ВДС е тука и се надевам Кушчак ќе остане и мислам дека треба да добива повеќе шанса другата година. За трет голман мислам дека Амос е добро решение.
Одбрана
Најмалерозниот дел од тимот. Многу повреди, кои повеќето во најлош момент. Сепак би издвоил неколку аспекти. Младите сили покажаа дека се развиваат во добра насока. Рафаел и Фабио за неколку години ќе бидат најдобри дефанзивни играчи во ПЛ, дефинитивно им треба повеќе искуство, но времето работи за нив. Позитивно ме изненади и Де Лает и мислам дека има иднина во клубот. Видиќ и Еванс мислам дека прераснуваат во добар одбрамбен пар, одлична сезона и за двајцата, се надевам помалку повреди на Видиќ во следната. Рио, кога не е повреден е еден од најдобрите играчи во одбраната во светот, ама штета што оваа година повеќе беше повреден отколку здрав. Хроничната повреда на грбот малку загрижува и мислам дека Еванс следната година ќе добива многу повеќе шанса во одбраната. Доаѓа Смолинг, играч кои искрено не ме импресионира до сега со игрите кои ги прикажува, ама штом Ферги го купи тогаш мора да видел нешто во него. Оваа одбрана е солидна и јас не би купил ниту едно ново име тука.
Среден ред
Некои ме импресионира, некои ме разочараа. Целиот начин на играта на средниот ред се трансформираше по заминувањето на Роналдо. На средниот ред му требаше лидер, играч со искуство кој ќе ја води играта. Таков немавме ама затоа тимската игра и дух беа движечката сила во овој дел од екипата. Флечер одигра фантастично, импресивен на секој меч, најдобар играч во средината и втор во тимот после Руни. За Валенсија погоре пишав дека изигра одлично и се надевам во иднина ќе увиди дек има и лева нога која исто така може некогаш да ја употреби. Старата гарда, Гигс и Сколс го дадоа потребното искуство и сигурност во тој дел од екипата и на последните дуели на клубот беа движечката сила на клубот. Злато вредни играчи кои ќе имаме привилегија да ги гледаме во нашиот дрес уште една сезона. Андерсон и Керик, најслабите алки во овој дел од тимот. Можеби Андерсон и малку немаше среќа со тешката повреди баш во тој момент кога почна да прикажува добри игри и конечно даде гол. Ефектот на Керик беше помалку од доволен. Позиционирњето, визијата на теренот едноставно ги немаше оваа година, делуваше изгубено на теренот, можеби првиот кандидат за заминуање од клубот. Парк повеќе добар во дефанзивните задачи отколку што понуди офанзивна опасност, играч со три белодробни крила, неуморен. Освен што продава многу дресови во Азија знае и да даде значаен придонес на играта. Нани ја започна сезоната многу лошо и заслужено доби 'одмор' на неколку натпревари, но затоа сум презадоволен од неговиот учинок во вториот дел од сезоната. Се нaдевам дека конечно созреа и дека игрите оваа сезона беа само загревање за уште подобри изданија идната година.
Ова е делот од екипата која дефинитивно ќе треба да се засили. Како можни засилувања н мојот список би биле Милнер, Силва, Гуркуф и Велосо. Би бил задоволен кога барем еден од овие играчи би дошол во клубот. Да не ги заборавиме и младите Гибсон и Клеверли, особено вториот кој мислам дека има добра иднина во клубот и е мојот фаворит за ново чудо од младинската школа.
Напад
Се потпираше на рамењата на еден човек. Лидерот, најдобриот играч во ПЛ, ВЕЈН РУНИ. Од мене има само едно големо благодарам за Руни за се што направи за клубот и сенадевам барем на еднакво успешна сезона за него на клупски план. Нема да трошам многу зборови на Руни и ќе се осврнам на останатите играчи. Бербатов, втора не баш сјајна сезона за него. Ниска самодоверба, лош финишинг и често незаинтересиран став за играта. Ферги изјави дека Берба останува во екипата. Тоа го изјави и за Саха за месец дена потоа да го продде на Евертон. Мислам дека Бербатов ќе добие уште една make or break сезона во клубот. Се надевам дека фудбалската интелигенција која ја има подобро ќе ја искористи. Диуф треба уште време да се докаже во клубот. Велбек исто така. Мислам дека треба и двајцата да бидат дадени на позајмица чисто заради фактот што имаме премногу играчи во овој дел од тимот и тоа би го спречило нивниот развој. Македа е иднината во нападот. Ги има сите карактеристики да успее, млад, брз играч со не баш лоша техника. Со правилно водство од клубот и помошта особено од Руни ќе го направат стартер во нападот за некоја година. Хернандез не би можел да го оценам од 5 клипа на Јутјуб. Ќе го гледам на пријателскиот меч со Англија и на СП па дури тогаш можеби ќе дадам некоја оценка за него.
Овој дел од клубот би го засилил само ако некој од Бербатов или Овен бидат продадени. Имаме спој на млади и искуство што мислам дека другата година ќе се покаже подобро од оваа. Нема потреба од panic buys зошто како што реков во еден претходен мој пост другото лето ќе имаме да пополниме повеќе дупки со пензионирањето на Гигс, Сколс, Невил и ВДС, па нема потреба сега да се расфрламе со пари на трансфер пазарот.
Како за крај едно големо БЛАГОДАРАМ за играчите, стручниот штаб, Ферги и навивачите. Оваа беше добра сезона која сигурно ќе му помогне на клубот да има уште подобра идна сезона и ќе ги направи играчите уште помотивирани за нови трофеи. Јунајтед е голем и во победите и во порзите, затоа честитки до Челзи за титулата и им ветувам уште попеколна идна сезона.
Морам да ги спомнам и RED ARMY MACEDONIA со кои поминав прекрасни моменти оваа година. Се надевам идната сезона повторно ќе имаме место каде ќе се собираме за заедничко гледање на натпреварите на Јунајтед.
понеделник, 10 мај 2010
The season, the happiness, the sorrow, the pride, THANK YOU
GLORY, GLORY MAN UNITED
0 коментари:
Објави коментар