Манчестер Јунајтед го победи Стоук со 4:0 на последниот натпревар од ПЛ, но Челзи ја освои титулата по 3 години, откако ги победи Виган со 8:0.
„Не знаев колку е конечниот исход на мечот со Челзи се` до крајот, но на полувремето знаев дека титулата е веќе нивна. Им честитаме на Челзи, признаваме дека е заслужено да ја освоиш најтешката лига во светот. Му честитам и на Анчелоти, тој е прекрасен менаџер и добар пријател.“, изјави САФ. Но, веднаш потоа ги насочи мислите кон новата сезона.
„Ја освојувавме титулата минатите три години и беше супер, а оваа година завршивме втори. Играчите се фантастични и следната година ветувам борба за титулата до последно. Им благодариме на навивачите, следната година ќе се потрудиме да ја вратиме титулата на Олд Трафорд.“
0 коментари:
Објави коментар