понеделник, 8 февруари 2010 г.

Бекам: Нема да прославувам против Јунајтед

Играчот од средината на Милан, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, изјави дека нема да прославува при евентуален негов гол во двомечот против Јунајтед кој ќе се одигра на 16ти овој месец.



По одиграни 394 натпревари во дресот на Јунајтед, Бекам смета дека би било невкусно и непријатно за него да се радува на гол против неговиот поранешен тим. Ова е прв пат како Бекам се враќа на Олд Трафорд и вели дека останува благодарен на поддршката на навивачите кога беше исклучен против Аргентина на СП во 1998.

„Понекогаш, кога постигнуваш гол, наеднаш емоциите излегуваат од тебе но овојпат ќе се контролирам. Го почитувам клубот и навивачите. Врската која ја имам со нив се` уште ми е важна.“, изјави Бекам.

Знамињата прво на одобрување

Фановите на Манчестер Јунајтед кои ќе патуваат на Сан Сиро и ќе сакаат да внесат транспаренти и знамиња од својот клуб, ќе мораат прво да ги дадат за проверка.


Поради италијанските правила, навивачите кои ќе сакаат да внесат било какво знаме и транспарент, ќе мораат да пратат слика од транспарентот до одговорните тела и информации за големината. По испитувањето, одговорното тело ќе го извести секој навивач посебно дали ќе смее да внесува такви материјали или не.

Знамиња кои не се бо клупските бои можно е да не се дозволени на Сан Сиро, како и две залепени едно за друго или знамиња во огромни димензии кои би можеле да го попречат следењето на натпреварот на другите гледачи. На Сан Сиро се забранети и тапани, магнетофони и било какви други препарати кои обработуваат звук.

недела, 7 февруари 2010 г.

ВДС останува како бр.1 во Јунајтед?

По се изгледа дека Ван Дер Сар ќе остане уште една сезона во дресот на Јунајтед, откако Сер Алекс сака да му понуди нов договор, вреден 4,7 милиони фунти.


Едвин изјави пред неколку недели дека е многу среќен во Јунајтед и секогаш ќе биде заблагодарен за огромната поддржка која му ја даде менаџерот и фановите кога жена му, Анамарија беше болна.

"Тоа што многу ми помогна е поддржката која ја добив од целиот тим и фановите додека бев повреден и отсутен поради лошата состојба на жена ми.Неверојатно е како менаџерот и сите други во тимот му помогнаа на моето семејство да го поминам овој период." - изјави Ван дер Сар.

Истотака, порашеншниот бр.1 во Јунајтед, Питер Шмајхел, изјави дека не гледа причина за да си оди Едвин се додека игра како што игра сега.

"Едвин е дефинитивно најдобриот голман во Јунајтед.Нема сомневање во тоа.Се надевам дека ќе остане уште повеќе години во тимот, сеуште го има тоа потребното.Единствена причина за која би се одкажал би било поради болеста на жена му, на која многу и е потребен Едвин да биде покрај неа.Како и да е, се надевам дека ќе се најде за следните неколку години некој доволно добар голман кој биде достоен да го замени ВДС покрај стативите" - заврши Шмајхел.

Анчелоти:Руни е најдобар играч на светот

Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти, во својата изјава за The Mirror, тврди дека според него, Вејн Руни моментално е најдобриот играч на светот.


Поранешниот играч на Евертон даде гол во вчерашната победа од 5-0 над Портсмут и со тоа во последните 5 натпревари има дадено неверојатни 7 гола.Со таа победа Јунајтед се качи на првото место на табелата пред главните конкуренти, тимот на Карло Анчелоти.Иако падна на 2ро место во лигата, Анчелоти имаше само пофални зборови за напаѓачот на Јунајтед.

"Јунајтед го преобразија Руни во светска класа напаѓач.Секој натпревар игра фантастично и го покажува својот квалитет.Многу сум изненаден поради тоа што никогаш не му паѓа формата, баш напротив, на секој натпревар му се подобрува."

"Тоа не е добро само за Јунајтед, туку и за Англиската репрезентација.Да го имаш Руни во оваа форма ќе биде многу важно за Капело за Светското првенство.Дали е најдобар играч во светот моментално?Да, моментално нема подобар играч на светот од Вејн." - изјави Анчелоти.

сабота, 6 февруари 2010 г.

Always Remembered, Never Forgotten

52 години од денот кога се урна авионот полн со играчи и членови на Јунајтед во Минхен, каде што загинаа 8 играчи од т.н Busby Babes.


52 години од најтрагичниот ден во историјата на Јунајтед, тој ладен и кобен четврток кога авионот во кој што Јунајтед се враќаше од Белград, се урна во Минхен,Германија и 23 членови на тимот го загубија животот.Данкан Едвардс,Томи Тејлор,Роџер Бирн,Марк Џонс,Били Велан,Дејвид Пег,Џеф Бент,Еди Колман и останатите загинати, никогаш не биле заборавани од нас, фановите и од тимот.Трагичен ден за Јунајтед, за Англија и за историјата на фудбалот.












R.I.P Busby Babes, Always Remembered, Never Forgotten!

Најава:Јунајтед v Портсмут

Премиер лига, 25то коло|Сабота, 6 Февруари 2010|Почеток: 16:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester


Уште еден премиер лигашки викенд, уште една шанса за нашите црвени ѓаволи да се искачат на првото место на Премиер лигата.Ја имаме најдобрата форма од сите други тимови во Премиер лигата со вкупно 16 бода во последните 6 натпревари од можни 18.Ова е тој Јунајтед кој што сите сакаме да го гледаме и уживаме во фантастичната игра на најдобриот стрелец во Премиер лигата, Вејн Руни, заедно со преродениот Нани,Гигс итн.Би требало да биде лесен натпревар согледувајќи дека играме против Портсмут, последно пласираната екипа во првенството, 1 победа и 1 нерешено само од последните 6 натпревари и вкупно 1 бод од последните 5 натпревари на гости.

На последниот натпревар против Арсенал го покажавме она шампионското, коешто за наша среќа ние го имаме, а Арсенал очигледно не.Доколку сме шампиони, на вакви натпревари можеме комотно да излеземе со вториот состав и да издвоиме победа, со оглед што веќе во среда играме со Астон Вила.Минатиот натпревар меѓу нас и Портсмут, каде што играчите на Портсмут беа и помотивирани за да го импресионираат новиот тренер Аврам Грант, заврши со уништување од 1-4.Очекувам нешто слично и денес.

Можни состави:
Van Der Sar

Rafael - Evans - Brown - Evra

Nani - Gibson - Carrick - Park

Rooney - Owen

V

Dindane

Utaka - Boateng - Mullins - O'Hara - Basinas

Hreidarsson - Ben Haim - Wilson - Vanden Borre

James

Мој тип:
Сигурна победа
Јунајтед 3 - 0 Портсмут.


Посетители

Администратори