По се изгледа дека Ван Дер Сар ќе остане уште една сезона во дресот на Јунајтед, откако Сер Алекс сака да му понуди нов договор, вреден 4,7 милиони фунти.

Едвин изјави пред неколку недели дека е многу среќен во Јунајтед и секогаш ќе биде заблагодарен за огромната поддржка која му ја даде менаџерот и фановите кога жена му, Анамарија беше болна.
"Тоа што многу ми помогна е поддржката која ја добив од целиот тим и фановите додека бев повреден и отсутен поради лошата состојба на жена ми.Неверојатно е како менаџерот и сите други во тимот му помогнаа на моето семејство да го поминам овој период." - изјави Ван дер Сар.
Истотака, порашеншниот бр.1 во Јунајтед, Питер Шмајхел, изјави дека не гледа причина за да си оди Едвин се додека игра како што игра сега.
"Едвин е дефинитивно најдобриот голман во Јунајтед.Нема сомневање во тоа.Се надевам дека ќе остане уште повеќе години во тимот, сеуште го има тоа потребното.Единствена причина за која би се одкажал би било поради болеста на жена му, на која многу и е потребен Едвин да биде покрај неа.Како и да е, се надевам дека ќе се најде за следните неколку години некој доволно добар голман кој биде достоен да го замени ВДС покрај стативите" - заврши Шмајхел.
0 коментари:
Објави коментар