Фановите на Манчестер Јунајтед кои ќе патуваат на Сан Сиро и ќе сакаат да внесат транспаренти и знамиња од својот клуб, ќе мораат прво да ги дадат за проверка.

Поради италијанските правила, навивачите кои ќе сакаат да внесат било какво знаме и транспарент, ќе мораат да пратат слика од транспарентот до одговорните тела и информации за големината. По испитувањето, одговорното тело ќе го извести секој навивач посебно дали ќе смее да внесува такви материјали или не.
Знамиња кои не се бо клупските бои можно е да не се дозволени на Сан Сиро, како и две залепени едно за друго или знамиња во огромни димензии кои би можеле да го попречат следењето на натпреварот на другите гледачи. На Сан Сиро се забранети и тапани, магнетофони и било какви други препарати кои обработуваат звук.
0 коментари:
Објави коментар