недела, 7 февруари 2010 г.

Анчелоти:Руни е најдобар играч на светот

Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти, во својата изјава за The Mirror, тврди дека според него, Вејн Руни моментално е најдобриот играч на светот.


Поранешниот играч на Евертон даде гол во вчерашната победа од 5-0 над Портсмут и со тоа во последните 5 натпревари има дадено неверојатни 7 гола.Со таа победа Јунајтед се качи на првото место на табелата пред главните конкуренти, тимот на Карло Анчелоти.Иако падна на 2ро место во лигата, Анчелоти имаше само пофални зборови за напаѓачот на Јунајтед.

"Јунајтед го преобразија Руни во светска класа напаѓач.Секој натпревар игра фантастично и го покажува својот квалитет.Многу сум изненаден поради тоа што никогаш не му паѓа формата, баш напротив, на секој натпревар му се подобрува."

"Тоа не е добро само за Јунајтед, туку и за Англиската репрезентација.Да го имаш Руни во оваа форма ќе биде многу важно за Капело за Светското првенство.Дали е најдобар играч во светот моментално?Да, моментално нема подобар играч на светот од Вејн." - изјави Анчелоти.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори