сабота, 6 февруари 2010 г.

Најава:Јунајтед v Портсмут

Премиер лига, 25то коло|Сабота, 6 Февруари 2010|Почеток: 16:00h
Стадион: Old Trafford, Manchester


Уште еден премиер лигашки викенд, уште една шанса за нашите црвени ѓаволи да се искачат на првото место на Премиер лигата.Ја имаме најдобрата форма од сите други тимови во Премиер лигата со вкупно 16 бода во последните 6 натпревари од можни 18.Ова е тој Јунајтед кој што сите сакаме да го гледаме и уживаме во фантастичната игра на најдобриот стрелец во Премиер лигата, Вејн Руни, заедно со преродениот Нани,Гигс итн.Би требало да биде лесен натпревар согледувајќи дека играме против Портсмут, последно пласираната екипа во првенството, 1 победа и 1 нерешено само од последните 6 натпревари и вкупно 1 бод од последните 5 натпревари на гости.

На последниот натпревар против Арсенал го покажавме она шампионското, коешто за наша среќа ние го имаме, а Арсенал очигледно не.Доколку сме шампиони, на вакви натпревари можеме комотно да излеземе со вториот состав и да издвоиме победа, со оглед што веќе во среда играме со Астон Вила.Минатиот натпревар меѓу нас и Портсмут, каде што играчите на Портсмут беа и помотивирани за да го импресионираат новиот тренер Аврам Грант, заврши со уништување од 1-4.Очекувам нешто слично и денес.

Можни состави:
Van Der Sar

Rafael - Evans - Brown - Evra

Nani - Gibson - Carrick - Park

Rooney - Owen

V

Dindane

Utaka - Boateng - Mullins - O'Hara - Basinas

Hreidarsson - Ben Haim - Wilson - Vanden Borre

James

Мој тип:
Сигурна победа
Јунајтед 3 - 0 Портсмут.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори