петок, 12 март 2010

Фергусон: 40 се доста, Вејн!

Сер Алекс Фергусон изјави дека не е алчен и нема да бара од својот најдобар голгетер Вејн Руни да го надмине рекордот на Кристијано Роналдо од 42 постигнати гола во една сезона.



„Пресреќен сум што постигна 30 гола. Тоа е се` што сакав од него. Сега му преостануваат уште 9 лигашки натпревари и да се надеваме уште 5 меча во ЛШ. Тоа се 14 меча и ако постигне барем по еден гол на сите нив, ќе го собори рекордот. Но не го барам тоа од него. Би бил пресреќен ако стигне и до 40.“, изјави Сер Алекс Фергусон.

Во врска со моменталните постигнувања и Вејн Руни излезе со своја изјава: „Пресреќен сум со постигнатото во моментов. Животот со Јунајтед ми е одличен. Кога си замина Роналдо сите очекуваа многу од мене и ги исполнив нивните очекувања. Среќен сум што сме во четвртфиналето. Сепак, ќе му се јавам на Роналдо да го прашам како му е.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори