Легендарниот германски напаѓач а воедно и поранешен менаџер на Баерн Минхен и Германската репрезентација, Јирген Клинсман, изјавува дека според него Руни ќе ја освои наградата за најдобар играч во Европа сезонава.
"Вејн има феноменална сезона.Неверојатно е тоа колку е гладен за голови и трофеи, и тоа го покажува на теренот.33 гола и уште не е готов, сеуште изгледа смирено и самоуверено.Ако продолжи вака, сигурен сум дека ќе биде најдобар играч на европа.Се надевам дека нема да има никакви проблеми со повредите."
"Има неверојатен инстинкт, ми се чини дека ја мириса топката, знае каде оди и секогаш се наоѓа на вистинското место во вистинското време.Многу трча, го има насекаде на теренот за цели 90 минути, дури и доаѓа во одбрана да му помогне на тимот.Живее во моментот и тоа е најважното нешто за секој фудбалер" - изјави Клинсман.
0 коментари:
Објави коментар