Бразилецот во Манчестер Јунајтед, Андерсон беше опериран во Португалија во петокот поради повредата со којашто се здоби во натпреварот со Вест Хем и ќе почне со третман од понеделник.
Андо го повреди лигаментот кај коленото и беше опериран во петокот кај еден од најпознатите доктори и специјалисти кога се работа за колената, Хозе Карлос Нороња.Операцијата беше извршена во болница во Порто, Португалија.
Андерсон самиот си одбра дека сака да биде опериран од Нороња, кој го знае многу добро од времето кога беше во Порто, и тогаш бил опериран токму од него.Неколку познати и големи атлети барале да бидат оперирани токму кај него.
"Уште кога дознав дека ќе мора да правам операција, побарав од тимот да бидам опериран и лекуван од Нороња.Токму овој лекар кој ме лечеше од повредата додека бев со Порто против Бенфика и мислам дека тој е вистинскиот човек кој ќе ме излечи" - изјави Андерсон пред операцијата за Globoesporte.
Операцијата траела околу еден час и сега Андерсон ќе се одмара 2 дена и недели ќе има посебна терапија во друга болница, каде што има изработено посебен план за вакви повреди.
"Се помина добро.Повредата е многу слична како што имаше Пепе од Реал Мадрид и ако се помине како што треба, за 6 месеци би требало да се врати на терените" - изјави Нороња.
0 коментари:
Објави коментар