Иако имаше најави дека повторно ќе се зголемуваат цените на билетите за натпреварите на Олд Трафорд следната сезона, сепка, Јунајтед потврдува дека тие ќе останат непроменети.
Green and Gold кампањата почнува да добива на ефект кај Глејзерите коишто полека ја губат битката.Уште откако тие дојдоа, цената на билетите се зголемуваше секоја сезона и имаше шпекулации дека и следната сезона цената на билетите ќе се накачи.
Но, сепак, Глејзери попуштија и одлучија дека цената на билетите ќе остане од 27 до 49 фунти за возрасните, 10 за помладите фанови и 20 фунти за лицата над 65 години.
MUST вели дека членовите на организацијата се пресреќни што конечно почна да зема ефект и нивната работа.
0 коментари:
Објави коментар