вторник, 30 март 2010

Тајната на Руни - боксерска вреќа

Вејн Руни ја откри тајната како "се смири" на фудбалските терени - со помош на боксерска вреќа.


Првокласниот напаѓач на Јунајтед не е веќе она дете бунтовник коешто пристигна од Евертон на само 16 години.Сега на 24 години, Руни се однесува многу повозрасно, не прави повеќе од оние негови препознатливи испади на фудбалските терени.Најголем придонес за тоа има што неговата бес ја исфрлал на боксерската вреќа.

"Како мал тренирав и бокс и фудбал.Тренирав секоја вечер и фудбал и бокс кога имав 15 години, но еден ден Евертон ми рекоа дека мора да престанам со боксот доколку сакам да имам успешна фудбалска кариера.Имав огромна шанса да стигнам до првиот тим па затоа прекинав со боксот.Сепак, сеуште обожавам бокс и редовно гледам.После тренинг многу често замавнувам кон боксерската вреќа со што се ослободувам од сиот бес и плус уживам во тоа" - изјави Руни.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори