вторник, 9 март 2010

Ферги:Руни е фит

Најдобриот напаѓач на ѓаволите се враќа за натпреварот со Милан, потврди Сер Алекс.


До пред 2 дена се мислеше дека Руни се повредил на натпреварот со Египет за Англија и дека најверојатно нема да настапи со Милан, но Сер Алекс го демантираше тоа на денешниот прес.

Човекот што постигна 28 гола досега и 2 токму против Милан, се враќа во акција против Милан на Олд Трафорд и ќе игра против поранешниот колега Дејвид Бекам, кој патем нема стапнато на Олд Трафорд веќе 7 години.

Руни денеска се врати на тренинзите откако лекарите му дадоа позитивен знак на вчерашниот преглед.

"Ќе потврдам и официјално дека Руни е фит, и многу ми е мило.Покажа неверојатен напредок во повредата од саботата до сега и на почетокот мислевме дека нема да игра, но сега се врати и е спремен за игра" - изјави Фергусон.

Меѓу другото Сер Алекс изјави и дека Вес Браун ќе биде во аут од 4 до 6 недели.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори