недела, 7 март 2010

Кушчак:Сакам да сум прв избор, или си одам

Голманот на Јунајтед после 4 години почнува да реагира, "Сакам да бидам бр.1 во Јунајтед, или ќе си одам" гласеше изјавата на пољакот за The People.



По се изгледа на Томаш му е смачено од греење на клупата веќе 4 години во Јунатјед и со продолжувањето на договорот на Ван Дер Сар, по се изгледа ќе биде 2 избор и следната сезона.

Тој во изјавата за The People рече:

"Незнам уште колку долго ќе издржам да бидам на клупата.Чекав 4 години и уживав додека бев, но можеби треба да ја сменам средината.Сакам да останам со Сер Алекс дека е многу добар менаџер и се надевам дека ќе најдеме решение бидејќи не сум среќен што седам на клупа."

"Сум рекол повеќе пати, ако сметам дека не се развивам и не игра доволно би требало да го сменам тимот, и тоа ми се случува токму сега.Сакам да освојувам титули и мислам дека се докажав доволно за да бидам број 1 во Јунајтед." - заврши Кушчак.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори