Автоголот на Диаби става крај на 100% учинок на Арсенал во новата сезона и победа на ѓаволите на Олд Трафорд.

Абу Диаби беше човекот на моментот кога во 64-тата минута, по нафрлената топка од Рајан Гигс, која можеби и воопшто немаше да биде опасна, си ја смести сам во сопствената мрежа, 5 минути откако Руни го постигна израмнувачкиот пенал.
Во првото разочарувачко полувреме, единствената посериозна прилика Црвените Ѓаволи ја имаа преку Дарен Флечер, чиј волеј удар беше непрецизен кон голот на Алмунија.
После тоа следеа низа напади на Арсенал, од кои повеќето доаѓаа од Андреј Аршавин, кој веднаш после акцијата на Флечер првпат се закани кон голот на Бен Фостер.Исто, Аршавин, можеше многу полесно да го донесе својот тим во водство, откако Флечер во 38-мата минута со лизгачки старт стартуваше над Аршавин во 16-никот но судијата Мајк Дин не досуди пенал.Контроверзната ситуација беше набргу заборавена откако 2 минути подоцна токму Аршавин го донесе во водство Арсенал, со фантастичен шут надвор од 16-никот.
Во второто полувреме беше многу поразлично.На почетокот Бен Фостер го држеше Јунајтед во игра откако покажа добри рефлекси при шутот од петерецот на Ван Перси, кој го одбрани со нога.
Противничкиот голман му помогна на Јунајтед да го израмнат резултатот по стартот над Вејн Руни за пенал, којшто и тој самиот го реализираше

Дискутабилна одлука на Дин: Дали вистина имаше пенал?
Арсенал можеа да се вратат веднаш во 63-тата минута откако фантастичниот слободен удар на Робин Ван Перси ја затресе пречката на голот на Фостер.
Вториот гол за Јунајтед, што потоа се покажа и како победнички, го постигна Абу Диаби кога по нафрлената топка од Гигс, ја заби во сопствената мрежа.
Димитар Бербатов,Нани и Парк влегоа во второто полувреме, и првите двајца имаа 2 100% шанси за да ги смират нервите на сите фанови на Олд Трафорд, но за жал не реализираа. За кратко можеа да коштаат многу откако голот на Ван Перси во 95тата минута беше неважечки поради пасивен офсајд и Арсен Венгер беше пратен на трибинте на Олд Трафорд, каде што беше понижуван од фановите.

Арсен Венгер "топло" испратен од фановите
Головите:
Интервју со Сер Алекс после натпреварот
0 коментари:
Објави коментар