вторник, 25 август 2009 г.

Модрич отфрли преминување во Јунајтед!

Плејмејкерот на Спарси изгледа не го напушта Тотенхем

Лука Модрич се оттргна од шпекулациите кои го поврзуваат дека е мета на Манчестер Јунајтед.
Извештаите укажуваат на тоа дека менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс ги рагледувал можностите за купување на малиот плејмејкер на Тотенхем.
Сепак, хрватскиот интернационалец тврди дека не знае за никаков интерес од Јунајтед и дека е среќен ако остане на Вајт Харт Лејн и во иднина.
“Не знам ништо за Манчестер Јунајтед и тоа што ме поврзуваат со нив”-рече Модрич за Спортски Новости
“За тоа прочитав во весниците, дури и прочитав дека сум изјавил дека сум среќен што се наоѓам на радарот на Сер Алекс Фергусон”
“Но вистината е дека ништо такво не сум изјавил на никому. Тоа не се мои зборови”
“Се чувствувам одлично во Тотенхем, и не сум посакал да преминам во друг клуб. Договорот ми истекува во 2013 година и единствено размислувам за останување”
“Нема да се изненадам и доколку Тотенхем ми понудат нов договор, и тоа е нешто што се случува постојано во Англија. Но и ако тоа не се случи, мојот однос нема да се смени”
“Среќен сум на Вајт Харт Лејн и ќе продолжам и во иднина да давам се од себе за Тотенхем, како што го правам тоа одсекогаш”
Модрич исто така се осврна и на импресивниот старт на сезоната со Тотенхем, и смета дека екипата на Хари Реднап е способна да влезе во топ-шест екипите на крајот на сезоната.
“Се е совршено, едноставно не можам да се пожалам’’-додаде Модрич
“Основна работа е што тимот остана непроменет и оваа година. Сега сме една година посилни, а и тренерот Хари имаше повеќе време да работи со тимот”
“Големата четворка сеуште е пред другите, а Манчестер Сити се сега голема опасност исто така”
“Но исто и ние имаме големи амбиции. Не зборуваме за борба со големата четворка, но нашата цел е да влезиме во првите шест на крајот на сезоната. Мислам дека сме доволно добри за да го сториме тоа”-заврши Модрич.

ИЗВОР

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори