Време е за нов тренер во екипата на Челзи. Нов свеж почеток. Но 200 милји северно, во Манчестер, статус кво. „Одиме повторно“, изјави Фергусон, откако седна во фотелјата на вчерашната прес конференција. „36 години го велам ова. Господ мора да ме казнува за нешто сериозно“, се насмеа Ферги со новинарите.
Од следниот и воедно почетен натпревар во Премиер Лигата, Фергусон ќе ја почне неговата 36та сезона (oткако се занимава со менаџерство) на кормилото на Манчестер, додека Челзи ќе излезат со 13-от тренер за две и пол декади. Од новинарите, Фергусон беше прашуван и за најголемиот ривал, Челзи. Имајќи потешкотии да го изговори неговото име, Ферги изјави: „Анчелоти е одличен тренер. Очекувам сериозна битка за титулата до самиот крај. Челзи се нашиот најголем конкурент. Секогаш и е.“
Анчелоти па призна дека Манчестер Јунајтед е еден од најдобрите тимови во светот. Водејќи го Милан, тој успеа да го победи Манчестер со 3-0 во Милано. На прашањето дали ќе може да ја повтори таа победа и со Челзи, тој одговори: „Невозможно е да се одигра повторно таков натпревар, но никогаш не се знае. Денес, да го победиш Манчестер со 3-0, значи да ја владееш играта на сите полиња и тимот да ја прикаже неговата најдобра игра.“
Извор: Дејлимеил
0 коментари:
Објави коментар