четврток, 6 август 2009 г.

Дејвид Гил : Манчестер Јунајтед заврши со трансферите за летово!




Извршниот директор исто така напомена и дека Јунајтед не се заинтересирани за играчи што имаат над 27 години!

Тој ја исклучи можноста Давид Виља да пристигне на Олд Трафорд за 40 милиони фунти бидејќи во декември ќе полни 28 години и воопшто не е на радарот на Јунајтед.
Сепак стратегијата не го исклучува од игра соиграчот на Виља, Давид Силва кој има 23 години. Но Гил напомена дека е многу веројатно дека Јунајтед нема да троши повеќе пари ова лето на трансфер пазарот.
“Ние не сме заинтересирани за трансфери кои се прескапи особено за играчи кои имаат 17, 18 или 29 години. Мислиме дека не вредат толку” -рече Гил.
“Тоа би бил нивни последен договор и после тоа нема да имаат голема вредност на пазарот. Ние сме спремни да платиме за играчи кои имаат до 25 години” додаде Гил.
Летово Ферги потроши околу 20 милиони фунти иако за трансферот на К.Роналдо во Р.Мадрид доби 80 милиони фунти. Сепак не планира повеќе да троши и има многу голема доверба во младите играчи во клубот.
“Се надевам дека трошењето за нас заврши ова лето. Задоволни сме во моментов со составот што го имаме и бројот на млади играчи кои постојано се докажуваат и имаме голема доверба во Македа и Велбек” додаде Гил.
“Тоа е позицијата во која се наоѓаме, вреди луѓето да му веруваат на Ферги кога ќе процени што му е потребно на екипата. Со самото тоа што имаме многу пари на банка не значи дека треба да ги потрошиме”.
Исто Гил се осврна и на рекордниот трансфер на Роналдо и зошто била таква сумата во време на економска криза која ја зафати економијата и банките
“Ние не сакавме да го продадеме, тој сакаше да си замине, па сметавме дека има силна преговарачка позиција”
Валенсија гостуваа синоќа на Олд Трафорд и загубија со 2-0 од Англискиот Шампион благодарение на головите на Руни и Клеверли.

Извор

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори