среда, 26 август 2009

Несопирливиот

Сигурно е дека во сабота, Рајан Гигс ќе одигра многу важна улога против Арсенал. Не настапи на натпреварот со Виган, му беше даден слободен ден поради неговата одлична игра против Барнли во средата. Тоа е уште еден знак дека Фергусон го користи Гигс паметно.



Животот на Олд Трафорд без Рајан Гигс може да се каже дека е речиси незамислив. Но можеби ова лето си помисливте дека тоа е тоа. Едно последно ура за Гигс. Има речиси 36 години и неговата кариера е на залезот. Но игрите против Челзи, Барнли и Бирмингем веруваме дека ве демантираа.

Ова е 20та сезона како Рајан Гигс е во првиот тим на Манчестер Јунајтед, дебитирајќи против Евертон на крајот од сезоната 1990/1991, но тој продолжува да ги руши границите на возможното. Неговата борбеност е неверојатна и неговата енергија не ви дозволува да се запрашате колку години има всушност тој. Тоа можеби се должи на фактот што тој е вистински професионалец. Во едно интервју изјави дека одамна се откажал од алкохол, јаде риба многу често и редовно вежба јога, со што значително се намалиле неговите повреди на тетивите и мускулите кои често страдале додека бил помлад. С0 35 години, тој е најстариот играч на Манчестер Јунајтед. Има договор кој истекува на крајот од сезонава, но не е тешко да се верува дека управата на Јунајтед би му понудила уште еден едногодишен договор.


Колку повеќе Гигс игра и се напрегнува себеси за да прикаже што подобра игра, толку повеќе време ќе му треба за да се одмора помеѓу натпревари, но најважната работа што тимот ја добива од него е неговото лидерство и влијание кон тимот, нешто што му е од голема важност на Сер Алекс кога се во прашање младите фудбалери кои му се приклучуваат на тимот. Заедно со Пол Сколс и Гери Невил, Гигс ги „држи конците“ во соблекувалната и го има главниот збор, како на теренот, така и надвор од него. Кога се работи за Федерико Македа, Дени Велбек, Дарон Гибсон, Рафаел, Фабио и останатите играчи од Академијата и резервите, бенефициите од фактот дека се има Гигс во тимот се непроценливи.


Но Гигс е повеќе од само лидер. Како што старее со текот на годините, така и неговата позиција на теренот еволуира. Од експлозивно крило, ја презема плејмејкерската палка, па во поново време е класичен играч од средината, за наскоро да стане моќна и влијателна замена, нешто слично како што се случуваше со Оле Гунар Солскер, кој ги проучуваше игрите на Манчестер од клупата па потоа своите идеи ги прикажуваше на теренот. Имајќи „Сер“ во тимот е нешто неверојатно. Но тој е исклучителен и затоа, што повеќе е тој во Јунајтед, толку подобро е за тимот.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори