петок, 7 август 2009 г.

Поразот во ЛШ ќе не` поттикне на поголеми успеси

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е сигурен дека поразот во финалето на ЛШ против Барселона, ќе ги мотивира Црвените Ѓаволи за поголеми успеси оваа сезона.



И покрај фактот што овој тим ја освои ПЛ, ФИФА Светскиот куп и уште многу поединечни награди, Сер Алекс призна дека летово исто така го поминале барајќи одговор на прашањето: Што се случи таа вечер во Рим? За поразот, Сер Алекс изјавува само едно: „Не уживавме во тоа, но сигурен сум дека ќе се повратиме во најкус можен рок.“ По секој пораз на неговиот тим, Фергусон изјавува дека има начин како да го мотивира својот тим за наредниот дуел и да го ослободи секој играч од грижата на совеста. „По секој пораз, на моите момчиња им велам да се сконцентрираат на следниот меч, затоа што тој е решавачки за нас - мораме да се фокусираме на него.“, изјави тој.

Како и да е, Сер Алекс верува дека ако во неделниот Комјунити Шилд дуел со Челзи, Манчестер победи, тоа ќе биде доста голем его - буст за тимот за сезоната што претстои и ќе влијае многу на решителноста на играчите на теренот.

Извор

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори