"Сер Алекс Фергусон никогаш не би дозволил трансфер на Еванс во Барселона" - вели легендата на Северна Ирска, Гери Армстронг.

Не беше тајна дека Каталонскиот гигант сака да го донесе младиот и талентиран дефанзивец на Црвените Ѓаволи, Џони Еванс на Камп Ноу за 12 милиони фунти.Сепак Армстронг верува дека Еванс веќе се докажа дека вреди.
" Еванс беше фантастичен досега за Манчестер Јунајтед, и не е воопшто чудно што има интерес од екипи како Барселона.
Toj e супер играч, и може да игра на многу позиции во одбраната, па дури и во средината.Би бил огромен хит ако пристигне во Шпанија, исто како Пиќе, кој минатата година го напушти Јунајтед за да се придружи на Барселона.
Како и да е, верувам дека Сер Алекс во Џони гледа идна замена на столбот во одбраната на Јунајтед, Рио Фердинанд и не верувам дека би го продал по било каква цена,а не па за 12 милиони " - заврши Армстронг.
0 коментари:
Објави коментар