Во гала церемонијата којашто се одржа вчера во Цирих, кадешто се избираше најдобриот играч на светот за 2009, беа одбрани и најдобрите 11 за 2009та година во кој се најдоа и дефанзивците на Јунајтед, Евра и Видич.
Со Немања Видич и Евра на стоперската и бековската позиција, останатите коишто беа во тимот се и Икер Касилијас од Реал Мадрид како најдобар голман, Џон Тери како стопер до Видич и Дани Алвес од Барса на десната бековска позиција.Во средината Чави од Барса истотака заедно со Џерард од Ливерпул, на крилата Иниеста со Роналдо, а во нападот Фернандо Торес и Лионел Меси.
"Многу сум среќен.Целиот тим имаше добра сезона исто како и мене, така да оваа награда којашто ја добивме јас и Патрис е заслуга на целиот тим." - изјави Видич.
0 коментари:
Објави коментар