Асистент менаџерот на Сер Алекс Фергусон, Мајк Фелан, изјавува дека без оглед дека се работи за дербито во Манчестер, Јунајтед пак ќе изгледат со деца.
Додека Сити се борат да го освојат својот прв трофеј во последните 33 години, црвената страна на Манчестер не дава големо значење на овој трофеј и Сер Алекс повторно, како и во последните 3 натпревари од купот, ќе излезе со млад состав.
Фелан изјави дека во тимот сигурно ќе се најдат Гибсон,Македа,Велбек,Де Лает и другите коишто успеаа да го победат Тотенхем со 2-0 во вторникот.
"Повторно ќе излеземе со млад состав, го гледаме купов како нивна шанса за докажување дека се доволно добри да играат за првиот тим на Јунајтед во Премиер лигата" - Изјави Фелан.
0 коментари:
Објави коментар