21 годишниот Хавиер Матиља од младиот состав на шпанскиот тим Виљареал е на мета на Сер Алекс, иако тој самиот тврди дека не е под никаков договор со Јунајтед.
Според неколку весници, Сер Алекс веќе имал испартено скаути во Виљареал, да го следат шпанскиот интернационалец под 21 година, на кој, како и на многу други млади таленти, му е даден големиот епитет "новиот Чави Хернандез".
Моментално игра за Б тимот на Виљареал и се верува дека многу гигнати меѓу кои и Јунајтед, се спремни да понудат 3 милиони за неговите услуги во Јануари.
"Знам за шпекулациите и тие не се реткост.Секој репрезентативец на шпанскиот тим под 21 година е гледан од голем број на скаути.Никој не ме контактирал и сонувам дека некогаш ќе играм во првиот тим на некој врвен клуб, како што е и Виљареал." - изјави Матиља.
0 коментари:
Објави коментар