Сер Алекс признава дека Јунајтед имаа среќа во 1/4 финалето од Карлинг купот, по остварената победа над Тотенхем од 2-0.
Ѓаволите си го осиураа пласманот во другата рунда и топчето во ждрепката во Среда, во која ќе се одбираат двојките за полу финалето од Карлинг купот.Дарон Гибсон со неговите 2 гола, ја направи разликата помеѓу 2та тима и заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот.
Сер Алекс по натпреварот изјавува дека Спарси биле подобриот тим во првото полувреме и дека имале многу шанси за да постигнат гол, но како течеше натпреварот така неговите момци се повеќе доминираа во натпреварот.
"Сметам дека бевме среќни во првото полувреме.Дадовме еден среќен гол кој не се одразуваше на играта во тој дел од натпреварот.Според мене, Тотенхем доминираше во првите 30 минути од натпреварот и можеа лесно да водат, но Кушчак одбрани неколку шанси вклучувајќи ја и онаа на Дефо.Откако го постигнавме голот станувавме се подобри, додека во второто полувреме бевме многу подобар противник" - изјави Фергусон.
0 коментари:
Објави коментар