сабота, 26 декември 2009

Oдбраната ќе се стабилизира за недела дена

Сер Алекс Фергусон изјави дека за недела дена очекува неговата одбрана да биде вратена во нормала и дефанзивците пополека да ја добиваат својата стара форма.

Иако пред тоа изјави дека повредата на Рио е сложена и дека не се знае кога точно ќе се врати во тимот, Фергусон верува дека Еванс, Видиќ и Браун наскоро ќе се вратат во тимот и Флечер и Керик ќе бидат вратени во средниот ред, каде и што играат најдобро.

„Еванс вчера почна да тренира, чувствува болка но се обидуваме да го опоравиме“, изјави Фергусон.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори