среда, 30 декември 2009

Кога ќе се средат повредите ќе го преземеме врвот

Сер Алекс Фергусон е убеден дека неговиот Манчестер Јунајтед и сезонава ќе ја задржи титулата во англиската ПЛ и дека сево ова ќе им биде појасно на сите откако повредените играчи ќе се вратат во тимот, најкасно до крајот на идниот месец, датата на која би требало да се врати и последниот повреден Харгривс.

„Враќањето на играчите е клучно за нас. Веднаш се почувствува разликата откако се вратија Браун и Видиќ во составот. Располагаме со младина и искуство и ако секогаш ги имаме играчите на располагање, нашата константност ќе биде одржувана и ќе стигнеме до титулата.“, изјави Фергусон.
Во врска со проблемите со коленото на Бербатов, Фергусон додаде: „Димитар имаше проблеми со коленото но сега е се` во ред. Го третираме доста внимателно затоа што знаеме дека ќе ни треба многу во вториот дел од сезоната. Го одигра целиот меч против Хал и не се пожали на ништо. Нема да му треба операција.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори