сабота, 5 декември 2009

Најава:Вест Хем v Јунајтед

Премиер Лига, 15то коло|Сабота, 6 Декември 2009|Почеток: 16:00h
Стадион: Upton Park, London




По убедливата победа минатата недела на гости на Фратон Парк против Портсмут, се надеваме сите дека ова е почетокот на една добра серија којашто ќе потрае долго време, за да бидеме во чекор со Челзи кои веќе имаат 5 бода предност.Вест Хем сеуште се мачат во долниот дел на табелата, но формата им се поправа во последните неколку натпревари и под менаџер како легендарниот Џанфарнко Ѕола укажува, дека иако на хартија би требало да победиме, ќе биде тежок и интересен натпревар.

Добра вест за нас е тоа што нивниот најдобар стрелец, Карлтон Кол, се повреди и ќе биде аут до нова година, што е голем минус за Чеканите од Лондон.Не сум сигурен кој би можел да го замени Кол, би требало да е еден од Луис Хименез, кој е позајмен играч од Интер, и младиот талентиран напаѓач Зејвон Хинес, кој најверојатно ќе игра покрај Гилермо Франко.

Кај нас пак, откако младинците добија шанса во Карлинг купот заедно со Видич,Бербатов и Браун, очекувам Јунајтед да излезе со најсилен можен состав.Како и секогаш, тешко е да се предвиди каков состав Ферги ќе извади, со оглед на ротациите кои ги има на 90% од натпреварите.Да се потсетиме, минатата година Гигси ги реши Вест Хем на Аптон Парк со оној фантастичен гол, кој верувам сите го памтите.

Можни Состави
Green

Spector - Gabbidon - Da Costa - Ilunga

Collison - Parker - Kovac - Stanislas

Franco - Jimenez

V

Berbatov - Rooney

Giggs - Fletcher - Carrick - Valencia

Evra - Vidic - Brown - O'Shea

Van Der Sar

Мој Тип:
Верувам дека Вест Хем ќе ни направат проблеми, но без Кол не сметам дека се доволно способни да не тепаат, така да сметам дека ќе биде интересен натпревар и накрај ќе успееме да ги победиме минимално.
Вест Хем 1 - 2 Јунајтед.


0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори