четврток, 3 декември 2009

Луис Фабијано: Му се восхитувам на Сер Алекс

Бразилскиот напаѓач со оваа изјава, само додаде масло во огнот дека зимава или сигурно летово по завршувањето на СП ќе си замине од Севиља и ќе заигра за некој поголем тим, според него, Манчестер Јунајтед.

„Според мене Јунајтед се тим со многу интересен стил на игра, додавање и дриблање. Мислам дека тие се тим во кој многу лесно би се адаптирал и снашол. Навистина му се восхитувам на Сер Алекс Фергусон. Тој е премногу долго во овој спорт и секогаш освојува титули.“, изјави Луис Фабијано.

Бразилецот за селекцијата на „Кариоките“ има 36 настапи и 25 гола, со кои го привлече вниманието на Манчестер Сити, Челзи и Манчестер Јунајтед ова лето.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори