понеделник, 7 декември 2009

Руни ја преспал ждрепката за СП

Напаѓачот на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни призна дека спиел за време на ждрепката за групната фаза за СП 2010 во Јужна Африка и дека конечните групи ги дознал 5 часа откако биле извлечени.


Извлекувањето на групите се одржа минатиот петок токму кога Руни патувал за Лондон пред саботниот натпревар на Јунајтед со Вест Хем. Тој подоцна дознал дека неговата репрезентација е извлечена во група заедно со Алжир, Словениа и САД.

По пристигнувањето во Лондон Руни решил да земе мал одмор кој резултирал со негово пропуштање на здрепката, па морал подоцна да биде известен за тоа како се одвивала целата ждрепка.

''Спиев до 22 часот. Стигнавме со воз во Лондон некаде околу 17 часот. Јас легнав да гледам телевизија. Сум заспал и групите ги дознав дури 5 часа по нивното извлекување.

Сметам дека имавме добра ждрепка. САД ги победија Шпанија на Купот на Конфедерации. Натпреварот со нив ќе биде тежок. Не знам многу за репрезентацијата на Алжир, но сигурен сум дека менаџерот ќе има доволно информации за нив во Ј. Африка.''- заврши Руни.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори