четврток, 24 септември 2009

Јунајтед 1 - 0 Вулверхемптон!

Младите конечно добија шанса.Иако со 10 играчи, Јунајтед успеа да победи минимално во првиот натпревар од Карлинг купот против Волфс, со голот на големиот талент, Дени Велбек.



Конечно, натпреварот кој многу од играчите од академијата и резервите го чекаа за да добијат шанса да играат за Јунајтед дојде.Минатата година буквално со играчи од резервите го освоивме купот, се надеваме дека така ќе биде и сезонава, да докажеме дека имаме една од најдобрите академии во светот.

На почетокот, правевме шанси но без директен удар на голот.При една таква шанса, контра направија "Волците" и Мајкл Кајтли остана сам против Кушчак, додека Фабио веќе беше паднат па мораше да реагира брзо и го зафати со рацете.За таков старт и заслужено си доби директен црвен картон во 30та минута, што значеше крај на неговиот настап, но и на Македа, кој веднаш беше заменет од Ричи Де Лает, за да има кој да ја пополни левата бековска позиција.Сепак, јас лично го оправдувам стартот на Фабио, бидејќи спаси чист гол, се сеќавам еднаш и Солскјаер го направи истото, при контра на противникот.

Голот конечно стигна преку младиот англичанец и пред се роден во Манчестер, Дени Велбек, кој по повратна топка од Овен, успешно ја смести топката во голот на Волфс, со што го постави и конечниот резултат на натпреварот.

Кевин Дојл имперсионираше денес за Волфс, со што имаше неколку добри шанси,пробиви и шутеви кон голот, иако влезе како резерва.Додека пак, кај нас, Кушчак изигра на високо ниво, што можеби ќе го тргне Фостер од голот за натпреварот против Стоук во Премиер лигата.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори