Откако Манчестер Јунајтед доби 80 милиони фунти за трансферот на Кристијано Роналдо, сите очекуваа дека Сер Алекс Фергусон ќе донесе дури 2-3 големи имиња на Олд Трафорд и ќе ги засили сите позиции во тимот. Но очигледно, повеќето се` уште не ја научија трансфер политиката на Јунајтед и Фергусон. Од тие пари, беа купени млади фудбалери кои се` уште не се стекнати со светска слава и на тимот му се приклучи и легендата на англискиот фудбал, Мајкл Овен.
Прв што му се приклучи на тимот беше централниот фудбалер на Виган, еквадорскиот репрезентативец Луис Антонио Валенсија. Веднаш јавноста мислеше дека Валенсија ќе биде наследникот на Роналдо и почна да шири таков притисок. Но Валенсија, од досегашните игри, повеќе делува како фудбалер кој е премногу смирен и се пробива на теренот со неговиот одличен дриблинг и потоа асистира и нафрла кон напаѓачите, за разлика од Кристијано кој најчесто и самиот ја финишираше акцијата. Во Премиерлигата се` уште не сме го виделе неговиот прв погодок, но би сакале да не почасти нас, фановите на Јунајтед со многу голови како неговиот последен за репрезентацијата на Еквадор.
Друго засилување кое му се приклучи на Манчестер Јунајтед е младата француска ѕвезда во подем, Габриел Обертан од тимот на Бордо од француската лига и младински репрезентативец на Франција. Oбертан игра добро на три позиции, како напаѓач, центар и крило, што може да му се најде на Фергусон како замена за некоја повреда кај играчите од првиот тим, се` додека Обертан пополека не се здобие со искуство и се привикне на Премиерлигата за да биде стандарден првотимец во тимот.
Обертан е повреден и се` уште нема настап за Јунајтед.
Обертан е повреден и се` уште нема настап за Јунајтед.
Голем плус за Овен е затоа што тој веќе знае како функционира Премиерлигата и е играч кој сака да ја обнови својата кариера и да не` потсети сите како поентираше во неговите најдобри денови во младоста, кога играше за Ливерпул. Од досегашните негови наптревари за Јунајтед, на азиската тура, Ауди купот и Премиерлигата, Овен многу често и лесно влегува во шанса за гол, но се чини дека се` уште не може да го пронајде неговото чувство за поентирање, на кое резултат беа неговите промашувања. Но го постигна неговиот првенец за јунајтед и и` вети на публиката дека ќе постигне уште многу.
Дали ќе биде во право, ќе видиме. Се надеваме дека да.
0 коментари:
Објави коментар