Иако Сити потрошија речиси 250 милиони фунти со цел да станат главна сила во Англија и Европа, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед вели дека тие само си го трошат времето.
Исто така Фердинанд го предупреди амбициозниот Арапски сопственик на Манчестер Сити и менаџерот Марк Хјуз дека трошењето на огромни суми за играчи не гарантира успех.
Исто така Фердинанд го предупреди амбициозниот Арапски сопственик на Манчестер Сити и менаџерот Марк Хјуз дека трошењето на огромни суми за играчи не гарантира успех.
„Овој град едноставно не е доволно голем за два големи клуба“ изјавил Фердинанд.
„Сити имаат многу локални подржувачи кои што плачеа за успех изминативе години, и можеби сега мислат дека е дојдено нивното време поради сите инвестирани пари.“
„Но не секогаш парите носат и успех. Можно е, како во ситуацијата со Челзи, но тие пред Абрамович беа трети, четврти или петти во Лигата, додека ситуацијата со Сити е друга, и времето ќе покаже колку ќе бидат успешни. Ако освојат нешто оваа сезона, нека им е со среќа, но мислам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе ги освојат големите трофеи.“
Иако нема одиграно натпревар оваа сезона поради повреда заработена на денот пред првиот натпревар, Фердинанд се надева дека ќе биде подготвен за натпреварот против Тотенхем во Сабота.
Иако нема одиграно натпревар оваа сезона поради повреда заработена на денот пред првиот натпревар, Фердинанд се надева дека ќе биде подготвен за натпреварот против Тотенхем во Сабота.
Извор
0 коментари:
Објави коментар