недела, 13 септември 2009

Гигс горд на својот рекорд

Ветеранот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, го откри своето задоволство поради продолжувањето на неговата рекордна серија на постигнување голови.


35-годишниот играч од средниот ред лансираше неодбранлив слободен удар против Тотенхем во Саботата и со тоа останува единствениот играч кој што има постигнато гол во секоја сезона од Премиер Лигата.

Неговиот импресивен погодок им помогна на Црвените Ѓаволи да се вратат од еден гол негатива на Вајт Харт Лејн и на крај да успеат да слават со 3-1.

Гигс е задоволен што остави свој белег во сезоната 2009-10, но инсистира дека има уште многу од него во овој период.

„Горд сум поради тоа што постигнав гол во секоја сезона од Премиер Лигата, но се надевам дека нема да биде тоа се од мене.“ изјави Велшанецот. „Не сакам ова да биде мојот единствен гол оваа сезона. Се надевам дека ќе постигнам повеќе. Не постигнувам многу голови, како пред извесно време, но се трудам да постигнувам важни погодоци. Овој против Тотенхем беше еден од тие.“

Голот на Гигс ја неутрализираше предноста на Тотенхем добиена со голот на Дефо уште во 50-та секунда, додека Андерсон и Вејн Руни ги обезбедија трите поени за Ѓаволите. Пол Сколс беше исклучен поради два жолти картони во второто полувреме, па поради тоа успехот на Јунајтед уште повеќе се истакнува.

Извор

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори