Руни го постигна последниот гол за Англија, со кој ја совладаа со 5-1 репрезентацијата на Хрватска и се пласираа на Светското првенство во Јужна Африка.
Освен Руни, за Англија беа повикани и Мајкл Керик,Вес Браун и Бен Фостер но беа неискористени измени.
Флечер играше 90 минути за Шкотска којашто не успеа да се пласира на Светското првенство, бидејќи изгубија дома од репрезентацијата на Холандија со 0-1.
Антонио Валенсија се запиша истотака во листата на стрелци за Еквадор во победата од 3-1 над Боливија.
Немања Видич и Патрис Евра изиграа 90 минути еден против друг во интересниот дуел меѓу Србија и Франција кој заврши со 1-1.Зоран Тошиќ беше повикан, но беше неискористена замена.
Италија успеа да ја порази Бугарија со 2-0, во која 90 минути изигра Димитар Бербатов но не успеа да помогне на својата репрезентација да ги победи моменталните светски шампиони.
Нани изигра само 9 минути на натпреварот на Португалија против Унгарија, но неговата репрезентација забележа победа од 1-0.
Дарен Гибсон изигра 90 минути во пријателскиот натпревар на Р.Ирска против Јужна Африка, кадешто неговата репрезентација издвојува победа од 1-0.
Немаше добри вести за Џони Еванс откако неговата Северна Ирска изгуби повторно, овојпат од Словачка во Белфаст.
0 коментари:
Објави коментар