Менаџерот на Манчестер Јунајтед победата на својата екипа над Манчестер Сити со 4-3 ја означи како најверојатно „најдоброто дерби на сите времиња“
Мајкл Овен стави крај на победничката серија на Сити со гол во продолжението од натпреварот, а претходно Јунајтед успеа да им подари 2 од 3 гола на противникот.
Фергусон изјави: „Нашите грешки го направија најдоброто дерби на сите времиња. Што би сакале повеќе, победа од 6-0 или најдоброто дерби? Јас сепак повеќе би сакал победа од 6-0“
Еуфоричниот Фергусон го опиша Овен како играч од „светска класа“ чиј гол ја запечати победата за Јунајтед откако претходно Граѓаните 3 пати се враќаа во игра. Поранешниот напаѓач на Ливерпул има само 1 настап во првиот тим во Премиер Лигата оваа сезона за Манчестер Јунајтед откако се пресели на Олд Трафорд од Њукасл, но веќе постигна 2 погодока влегувајќи како измена.
„Мајкл играше само околку 17 минути“ изјави Фергусон. „Тој беше најдобриот човек што можеше да биде на теренот кога играта се одвиваше во нивниот шеснаесетник. Нема подобар реализатор на шанси од него. Неговата позициона игра, првиот допир и реализација беа одлични. Светска класа.
Дербито во Недела беше придружено со неколку вербални расправии неколку дена порано низ медиумите помеѓу играчите и менаџерите на двата тима. Со победата само се докажа дека парите на Сити сеуште не можат да ја заменат славата на Јунајтед.
„Понекогаш се случува да имаш сосед кој прави многу врева. И не можеш да сториш ништо. Тој секогаш ќе прави врева.“ изјави Фергусон. „Само треба да се продолжи со животот, да се вклучи телевизорот и да се пушти повеќе глас...“
„Денеска моите играчи ја покажаа својата форма. Тоа е најдобар одговор на се.“
Извор
0 коментари:
Објави коментар