Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, изјавува дека неговиот погодок за победа во градското дерби против Сити е еден од најубавите моменти во неговата кариера. Во неделното дерби, Овен влезе од клупата, но речиси не ја ни допре топката се` додека Белами не израмни на 3-3. Како и да е, одличниот пас на Рајан Гигс во судиското продолжение дојде во Овен, кој со неговиот удар не ја прободе само мрежата на Гивен, туку и срцата на навивачите на Сити кои беа присутни на Олд Трафорд.
Ова беше првиот гол на Овен за Јунајтед на Олд Трафорд и 29 годишниот напаѓач, кој има премногу убави и прекрасни голови во својата кариера, верува дека овој погодок кој го реши победникот е еден од најубавите во својата кариера.
„Прекрасно е чувството да се постигне таков гол во такво дерби. Толку беше прекрасно што дури беше и тешко да се поверува. Сепак, дербито беше еден од најубавите натпревари што воопшто се одиграле во светскиот фудбал. Но ние (Јунајтед), нема да се кренеме во облаци по оваа победа. Ние сме Манчестер Јунајтед, мораме да продолжиме да победуваме. Имаме меч во среда и мораме да останеме прибрани за да победиме.“, изјави Мајкл Овен.
0 коментари:
Објави коментар