четврток, 3 септември 2009

Димитар Бербатов: Една година во Јунајтед

Димитар Бербатов говори за изминатите 12 месеци во црвениот дрес, како и што очекува во иднина да постигне со овој клуб.

„Мојата прва сезона во Јунајтед беше одлична. Исполнивме половина од целите што ги имавме. Станавме шампиони по 3 пат, но изгубивме во финалето на ЛШ. Тоа беше многу лошо за сите а особено за мене. Мене ми беше второ загубено финале. Но, годинава се надевам на трета среќа. Мислам дека оваа година е различна за мене. Бев на претсезонска тура со тимот, нешто што ми недостигаше минатата сезона. Сега знам секој играч од тимот како игра и знам што да очекувам од секој на теренот. Плус, Сер Алекс знае најдобро како да ме искористи. Минатата година постигнав неколку важни погодоци за Јунајтед и тоа ме радува. Но секој фудбалер имаше удел во тоа што го постигнавме и тоа е воопшто филозофијата на Јунајтед како клуб.


Не е до поединците, до тимот е. На теренот, соиграчите можат да ти помогнат за да се жртвуваш и да постигнеш погодок за тимот и да покажеш што знаеш. Понекогаш моите соиграчи знаат да направат по некој одличен потег и да постигнат прекрасен гол. Понекогаш има натпревари кога не играш добро но сепак мораш да победиш. Но ние имаме играчи кои знаат да играат убаво и да победат и тоа што се обидуваме да го направиме е да ги забавуваме навивачите и на крајот да ги земеме трите бода.


Никој досега не ја освоил Премиер лигата 4 пати по ред и ќе се обидеме ние да бидеме првите кои го направиле тоа. Јунајтед, Челзи, Арсенал и Ливерпул се главните конкуренти за титулата, но има и тимови надвор од големата четворка кои можат да предизвикаат. Но ние сме спремни и сме гладни за успеси и според мене тоа е главниот мотив за нови трофеи. Некои од нив речиси освоиле се`, а сакаат допрва да освојуваат. Затоа тие играат тука.“

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори