вторник, 1 септември 2009

Фергусон негира нови трансфери во последниот ден

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон негира дека ќе има нови имиња на Олд Трафорд во последниот ден од летниот трансфер период, со тоа што вели дека верува во моменталниот состав.


Иако изгледа како на Јунајтед да им треба ново име, поготово по поразот од Барнли на гости, искусниот менаџер Сер Алекс Фергусон изјавува дека нема да ги потроши останатите пари од трансферот на Роналдо во Реал.

"После натпреварот со Барнли, ги разгледав играчите на сите позиции и нивната пожртвуваност на теренот и откако забележив каде грешиме, решив дека со помош на повредените играчи и измените може лесно да се поправат" - изјави Фергусон за The Independent.

"Морам секогаш да ги предупредувам играчите за потценувањето на помалите тимови.Некои играчи премногу се наслонуваат на други, такви играчи не ни требаат".

"Добив многу критики после изгубениот натпревар, и не престануваа препораки од фановите дека треба да се донесе големо име за парите што ги добивме од Кристијано.Како чекот од 80 милиони фунти да гори во џебовите на фановите".

"Но, поради само 1 изгубен натпревар не мора да значи дека треба да се трошат милионски суми за преценети играчи.Кажав дека верувам во мојот тим, со неколку нови имиња, нови таленти од академијата и резервите, и не мислам да ја сменам мојата стратегија кон градење на перфектниот тим.Знам дека го имаме вистинскиот состав и имам голема доверба во секој поединец" - заврши менаџерот на Црвените Ѓаволи.

0 коментари:

Објави коментар

Посетители

Администратори