Бразилецот Фабио да Силва го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до јуни 2014 година.
Бекот кој за Јунајтед сезонава настапи 14 пати, според Фергусон е надежен фудбалер со светла иднина пред него. „Фабио се прилагоди во Јунајтед многу добро. Брз е, добро ја чита играта за фудбалер на негови години и секогаш сака да напаѓа. Имаше проблеми со повредите, но ќе биде фудбалер од важност за Јунајтед во годините што следат.“, изјави Сер Алекс Фергусон.
Фабио изјави: „Да се биде дел од Манчестер Јунајтед е сонот на секој фудбалер. Јас сум среќен и горд што изјавувам дека ја посветувам мојата иднина на овој клуб. Научив многу од класата фудбалери со кои тренирам и се надевам во деновите што следат ќе допринесувам за уште повеќе трофеи за овој тим.“
0 коментари:
Објави коментар