Сер Алекс Фергусон е задоволен а во исто време и возбуден да ги види своите херои од 99тата година кога Јунајтед освои требл на едно место, на Олд Трафорд, во чест на хуманитарен натпревар.
United Relief на 1 мај ќе биде голем ден. Дали со нетрпение го очекувате?
САФ: Да, бидејќи многу од играчите кои беа дел од тимот во 1999 година ќе бидат таму. Мислам дека ќе биде посебна прилика. Се надевам на голема посетеност, имаме голем број на фанови и фактот што не играме наредниот ден на стадионот, ќе помогне. Ја организираме оваа акција за да собереме пари кои ќе ги донираме во хуманитарни цели, а фановите ќе сакаат барем уште еднаш да ги видат на едно место Јорк, Кол, Стам, Џонсен..
Би било посебно одлично да ги видиме Јорк и Кол заедно. Какви беа тие во 99та?
САФ: Фантастични, поготово во сезоната кога постигнаа 52 гола заедно. Мислам дека беа најдобрите во Европа тоа време, неверојатно партнерство. Никогаш не видов двајца играчи кои толку брзо се поврзаа и сплотуваа таква игра од ден на ден, од меч на меч. Беа толку ефективни што беше тешко да ги заменам на теренот со Шерингем и Солскјер. Некои ми велеа дека сум среќен човек што имам 4 добри напаѓачи во исто време, но јас им велев дека тоа ми создава главоболки (се смее).
Дали мислите дека ќе се соберат доволно средства?
САФ: Тоа е главната цел. Клубот врши фантастична работа со фондацијата и со УНИЦЕФ и се надевам дека ќе бидат собрани доволен број на средства.
0 коментари:
Објави коментар