Резервниот голман на Јунајтед, Рон-Роберт Зајлер денеска потпиша за Германскиот прволигаш Хановер, потврди официјалната веб-страна на германскиот тим.
21 годишниот германец помина низ сите младински категории на Јунајтед откако потпиша за Јунајтед од Келн во 2005, 2 сезони играше за резервите но не успеа да добие шанса за првиот тим.Неговиот договор истекуваше во Јуни и Хановер се одлучи да му даде шанса.
Зајлер имаше неколку проби во Германија и Белгија сезонава, во Хановер и во Вестерло.Сега, официјално потпиша 2 годишен договор со Хановер, којшто се бори за опстанок во Бундеслигата.
Зајлер ќе биде втор избор покрај Флориан Фромовиц.Како што знаеме, поранешниот бр.1 во Хановер, Роберт Енке, изврши самоубиство на крајот на минатата година.
0 коментари:
Објави коментар